Микел Артета остана без услугите на Калум Чемберс, кој се повреди во дербито против Челзи. Тој ја мина операцијата на коленото и му се предвидува пауза до девет месеци, што значи дека Арсенал е дефицитен на позицијата централен дефанзивец.
Затоа Артета ќе го менува планот за зимскиот преоден рок, па наместо да се доведе играч за врска, Топчиите ќе се обидат да ангажираат едно од трите имиња кои се на листата со желби кај шпанскиот стратег.
Даниеле Ругани од Јувентус, Нејтан Аке од Борнмут и Дајо Упамекано од Лајпциг се фудбалерите на кои Артета им фрлил око. Сите тројца би чинеле од 40 милиони евра па нагоре, што значи дека Топчиите мора да издвојат добар дел од средствата предвидени за засилувања ако сакаат да ја стегнат одбраната.
И самиот Артета потврди дека ќе биде активен на пазарот и ќе се труди да доведе играч според неговите критериуми.