Италијанскиот првак Јувентус нема намера да се откаже од турскиот репрезентативец Мерих Демирал. За дефанзивецот кој во Торино пристигна пред почетокот на оваа сезона за 18 милиони евра, до таборот на Старата дама стигнаа неколку понуди од 40 милиони евра, кои Јуве без размислување ги одби.
За услугите на дефанзивецот се интересираат Манчестер сити, Лестер, Баер Леверкузен, Шалке 04 и Борусија Дортмунд, меѓутоа Демирал во последните неколку натпревари во кои беше стартер се покажа во добро светло, убедувајќи го тренерот Сари дека е од корист.
Јувентус ќе се фокусира на продажба на друг дефанзивец, тоа е Даниеле Ругани, кој е последен избор на централната одбранбена позиција од повредениот Кјелини, Бонучи, Де Лихт и Демирал.