Тенеси тајтанс приреди сензација на „Жилет“ стадионот и го победи актуелниот НФЛ првак Њу Ингланд патриотс во вајлд-карта рундата од плејофот, што значи дека најсилната лига во американски фудбал ќе добие нов владетел.
Тенеси победи со 20-13, и го шокираше светот. Патриотите на свој терен од 2013 година немаа пораз на свој терен во меч од разигрувањето. Том Брејди и другарите од 2009 година наваму не испаднале толку рано.
Брејди кој пред стартот на следната сезона ќе има 43 години, рече дека мали се шансите да замине во пензија, сака да продолжи да игра, но уште не донел дефинитивна одлука. Тој на 18 март станува слободен, бидејќи му истекува договорот.