Спортската прогноза се враќа на сцената: 18-тото коло достапно за прогнозирање

По двонеделната пауза, Спортската прогноза на Спорт Манија и Sport Life се враќа на сцената на голема врата. Од овој момент (14 часот), новото 18-то коло е достапно за прогнозирање, а нуди три супер интересни пресметки кои се играат во Англија и Италија.

Во понудата од 13+2 парови, вниманието ќе се насочи кон дербито во Лондон меѓу финалистите од минатогодишното издание на Лигата на шампионите, Тотенхем и Ливерпул. Тој дуел е закажан за сабота во 18:30 часот, додека останатите две дербија ќе се одвиваат на Чизмата.

Во истиот ден, но половина час порано ќе започне пресметката меѓу Лацио и Наполи, додека недела е денот кога италијанскиот првак Јувентус ќе се појави на култниот стадион „Олимпико“ и ќе ги одмери силите со Римската Волчица.

Сите 13 дуели како и двата резервни се предвидени за претстојниот викенд, овојпат ќе нема потреба да се чека понеделнички меч за да се открие дали во ова коло конечно ќе се дочека освојувачот на прималивиот iPhone XS. Резервните мечеви се Вулверхемптон – Њукасл и Удинезе – Сасуоло.

Напоредно продолжува битката во Генералниот пласман, така што секоја прогноза е важна во трката за наградите како Смарт ТВ 48 инчи.

- Оглас -

Најнови вести