Србите кои живеат во западниот дел на САД традиционално за православниот Божик се собираат во Џексон во Калифорнија, каде што е изградена првата српска црква во Америка, и христовото раѓање го слават со пукање во воздух со сачмарки. За разлика од лани, кога се распукаа среде град, сега тоа го направија понастрана.
Дека не е баш сеедно кога на сите страни околи вас се пука, доказ е и една снимка на која Владе Дивац се стресе кога беше испукан еден проектил во негова близина.
Пукаа и жена му Ана и синот Лука, а самиот Владе Дивац истотака ја испочитува традицијата.