Ландо Норис го исполни сонот, прв пат победи на Ф1 трка

Ландо Норис е изненадувачки победник на Ф1 трката во Мајами што е историски прв негов триумф. Британецот кој вози во болидот на Мекларен имаше фантастична трка, иако започна од петото место на стартот.

Актуелниот првак Макс Ферстапен добро започна и беше лидер на трката се до 23 круг, кога влезе во боксот. По Ферстапен влегоа и останатите, а единствено Норис кој тогаш беше на четвртото место на патеката, реши да остане и продолжи да вози.

Норис дојде до првото место, возеше одлично, а во 29 круг му се насмевна и среќата кога се случи инцидент на трката и мораше да влезе сигурносно возило. Тогаш Норис искористи можност да замени гуми и да остане на прво место. До крајот на трката Норис покажа доминација, постојано имаше контрола иако зад него беше Ферстапен и не крајот заслужено стигна до првата победа во кариерата и тоа во 110 трка што ја вози.

Норис е 114 различен победник во Ф1 историјата, а 21-ви Британец кој стигнал до највисокото место на пиедесталот. За тимот на Мекларен ова е прва победа од таа во Монца во 2021 година.

Зад победникот Норис се најде шампионот Ферстапен, а потоа следуваа Леклер, Саинц, Перес, Хамилтон, Цунода, Расел, Алонсо и Окон кој заврши на 10-тото место.

- Оглас -

Најнови вести