Мартин Поповски вели дека Австрија е селекција која реално повеќе би требало да ѝ одговара на Македонија отколку тоа што го игра на теренот Чешка. Десното крило посакува утре добро да го отвориме мечот и протисокот да биде префрлен на страната на Австрија, селекција која ќе ја има фаворитската улога.
„Добро ги познаваме Австријците. Ги гледавме нивните два меча на првенството. Треба да го заборавме поразот од Чешка и да се фокусираме на утрешниот дуел. Да тргнеме добро да отвориме и притисокот да го префрлиме на нивна страна. Треба да ги затвориме бековите Божовиќ и Бикик. Имаат спој на играчи и се квалитетни на секоја позиција. Се виде дека групата е израмнета. Улогата на фаворит ѝ ја пропуштаме на Австрија. Ако ги споредам Австрија и Чешка, нам повеќе ни одговара Австрија како селекција. Што се однесува до многуте реакции на социјалните мрежи, ќе кажам дека не нѐ интересираат коментарите по социјалните мрежи, ние сме дојдени да играме“, вели Поповски.
Еден од оние коишто покажаа добра игра во одбраната против Чешка беше Марко Мишевски. И тој верува дека имаме шанси против домаќинот на ова ЕП.