Наместо да гледаат што се случува на терен, навивачите на ПСВ Ајндховен беа приморани на гостувањето кај Венло да гледаат со замаглено стакло. Условите за следење на мечот им беа ужасни, а можеби и подобро што беше така, па не ги гледаа маките на нивниот омилен тим кој на средбата со претпоследниот на табелата, со гол дури во 92-ра минута се спаси од пораз. Мечот заврши 1-1, а навивачите на ПСВ нема да го паметат по добро.
Пред околу една година, пишувавме за слична ситуација и на најголемиот стадион во Европа, при гостувањето на Реал Мадрид. И на некои од најголемите им се случува ваков пропуст.