35.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Навивачите на Реал платија 89 евра за да гледаат во замаглено стакло

Некои од навивачите на Реал Мадрид присутни на синоќешниот меч против Барселона од Купот на Шпанија можеби и не го видоа голот на Лукас Васкес, со кој „кралевите“ поведоа со 1-0 и си обезбедија солиден резултат пред реваншот. Според една фотографија објавена од навивач на Реал, погледот кој го имале фановите на гостинскиот тим бил очајно лош.

Гостинскиот дел на „Камп ноу“ е заграден со стакло, а влажното време придонесе за кондензација, па оградата беше како кога при студено време надвор, многу луѓе ќе влезат во автомобил и стаклата веднаш се замаглуваат.

Не се знае колку навивачите го гледале теренот за време на натпреварот, но се знае дека цената на билетите била 89 евра. Кога ќе платите речиси 90 евра, очекувате да уживате во погледот, но не и на најголемиот стадион во Европа.

- Оглас -

Најнови вести