Патиките на Лука Дончиќ се во фокусот, пораки за загинатите во хеликоптерската несреќа (Фото)

Далас победи на гости кај Оклахома со 107:97, а Лука Дончиќ повторно беше херој на гостите. Словенецот даде 29 поени, а имаше и 11 скока и 5 асистенции. Дуелот започна во знак на Коби Брајант, а првите напади на двата тима завршија со истекувањето на 24-те секунди во знак на трагично загинатиот Брајант.

„Ова беше најтешкиот меч кој некогаш сум морал да го одиграм. Уште не можам да верувам. Секогаш со нас“, напиша Дончиќ на својот твитер-профил. Словенецот не заборави средбата да ја посвети на сите оние коишто загинаа во хеликоптерската несреќа, па на своите патики имаше напишано неколку пораки.

Во НБА ноќеска се одиграа вкупно шест меча, а најинтересно беше во Јута, каде што Хјустон успеа да слави на теренот на најдобриот домаќин, а гостите добија неочекуван херој кој даде 50 поени.

- Оглас -

Најнови вести