За првпат по 24 години друг играч на Хјустон освен Харден даде 50 поени

Хјустон славеше на гостувањето кај Јута со 126:117 во дербито на НБА. Ракетите одиграа одлично прво полувреме кога стигнаа до водство од 13 разлика, а потоа во второто полувреме во ниту еден момент не му дозволија на домаќинот да се понадева дека ќе победи. Во еден дел од последнаа четвртина гостите имаа и 17 поени предност и беше јасно дека Јута ќе загуби.

За Џезерите ова беше само втор пораз на свој терен сезонава во 22 одиграни дуели, што дополнително дава значење на тоа како одигра Хјустон. Во отсуство на повредениот Џејмс Харден, на теренот неочекувано се појави нов лидер. Ерик Гордон го одигра мечот на кариерата. Гордон ниеднаш сезонава немаше дадено ни 30 поени, а сега успеа да постигне 50 поени, што е најмногу во неговата кариера.

Досегашниот најдобар биланс на Гордон беше 41 поен, кои ги постигна пред 11 години. Ни еден играч на Хјустон, освен Харден кој успеал  на 23 меча да реализира 50+, немал ваков скор уште од времето на Хаким Олајџувон. Легендарниот центар има постигнато 50 поени во далечната 1996 година, што значи дека Гордон е само вториот играч на Хјустон во последните 24 години што има 50+ поени на еден дуел.

Кај Јута најдобар беше Дониван Мичел со 36 поени, а Богдановиќ заврши со 30 поени, од кои седум тројки, но тоа не беше доволно за домаќините да се радуваат.

Резултати: Детроит – Кливленд 100:115, Мајами – Орландо 113:92, Чикаго – Сан Антонио 110:109, Минесота – Сакраменто 129:133, Оклахома – Далас 97:107, Јута – Хјустон 117:126.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести