Арсенал го претстави новиот стопер во тимот Пабло Мари, кој пристигна од редовите на бразилскиот и јужноамерикански првак Фламенго на шестмесечна позајмица.
Welcome to London. Welcome to Arsenal.@PabloMV5 is coming to the capital! 👋 pic.twitter.com/X07dtNeG5Y
— Arsenal (@Arsenal) January 29, 2020
Мари е Шпанец и има 26 години и ќе се обиде да ги „закрпи“ дупките во најслабиот дел од клубот од Лондон, дефанзивата и особено стоперската позиција. Арсенал по завршување на сезоната, ќе има право комплетно да го откупи договорот, а сега плати околу 5 милиони евра за шестмесечниот ангажман на Мари.