Алармот задоцни за домаќините во Штарк арена – Ефес се коцкаше и доби победа (Видео)

Ефес Пилсен опасно се коцкаше во Штарк арена во Белград, но на крајот сепак не прокоцка огромна предност од 24 поени и победи со 85:78.

Лидерот во Евролигата имаше предност од 56:32 на почетокот од третиот период и како да се опушти, па носени на крилјата на публиката кошаркарите на Црвена Ѕвезда стасаа на минус шест, 76:82 во последната минута.

Сепак за голем подвиг на „црвено-белите“ немаше веќе време, па Ефес останува на првото место на табелата со 19 победи и три порази.

Шејн Ларкин одигра нов одличен меч за Ефес и беше најефикасен со 24 поени, а му помогна и Крис Синглтон со 13 поени.

https://twitter.com/EuroLeague/status/1223323595767574528?s=20

Кај Црвена Ѕвезда Дејан Давидовац беше прв стрелец со 15 поени, пред Били Берон и Владимир Штимац со по 14.

- Оглас -

Најнови вести