Хорор пад на бразилски фудбалер, ќе го скршеше вратот (Видео)

Мечот помеѓу бразилските клубови Пикош и Алтош кој се играше во рамките на шампионатот Пјауиенсе заврши 0-0, но сепак еден момент од оваа средба се најде во центарот на вниманието на бразилските медиуми. Левиот бек Тонињо Бахија од Пикош во 38-мата минута имаше страшен пад на глава и со амбулантно возило беше префрлен во болница.

Снимките покажале дека нема скршеница, но падот беше многу опасен. Самиот фудбалер прими неколку инјекции и изјави дека не го чувствувал вратот и имал болки во рамото.

Погледнете го падот:

- Оглас -

Најнови вести