За Ливерпул да го победи третолигашот на „Енфилд“, коефициентот е над 2

Третолигашот Шрусбери се надева дека ќе ја испише една од најдобрите страници во клупската историја и тоа на легендарниот стадион „Енфилд роуд“. Во мечот од шеснаесетфиналето од ФА купот, Шрусбери гостува кај Ливерпул. Во секоја друга ситуација победникот на овој меч без дилема би бил познат уште пред да започне средбата, но денеска нема да е така.

Сите играчи на првиот тим на Ливерпул, вклучувајќи го и тренерот Јирген Клоп, воопшто нема да бидат на стадионот. Првотимците имаат добиено одмор, па против Шрусбери шанса ќе добијат младинците на Ливерпул. Тоа се оние играчи кои се потенцијал на клубот и најчесто имаат помеѓу 16 и 20 години.

Младинскиот тим на Ливерпул предводен од тренерот Нил Кричли ќе се обиде да го победи третолигашот. Првиот меч пред две недели заврши 2:2, а тогаш Ливерпул, кој играше во комбиниран состав, прокоцка предност од 2:0. Младинскиот тим на Ливерпул сезонава веќе имаше еден тест, и тоа во четврт-финалето од Лига купот, но, за жал, беше неуспешен. На гостувањето кај Астон вила тој тим на Ливерпул загуби со 5:0.

Тренерот Нил Кричли открива дека на полуфинале од денешниот меч очекува да добие повик од Клоп, како што тоа било случај и на мечот со Астон вила.

„На полувремето против Астон вила ни се јави Клоп и мислам дека тоа беше сјаен потег. Губевме со 4:0, но јас и играчите бевме убедени дека играме добро. Потоа се јави Клоп и ни рече дека играме одлично, дека треба да продолжиме во тој стил и ништо да не менуваме. Тоа многу ни значеше на сите нас. Сега треба да играме без притисок и да се обидеме да победиме“, рече тренерот Нил Кричли.

За тоа со кој состав Ливерпул вечерва најверојатно ќе настапи може да прочитате ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести