Ливерпул игра на „Енфилд роуд“, а коефициентот за домаќините е неверојатно висок!

Ливерпул веќе може да започне со подготовки за прослава на шампионската титула во Премиер лигата. Црвените имаат неверојатни 22 бода пред второпласираниот Манчестер сити и според сите прогнози, Ливерпул уште во март и официјално ќе биде промовиран во нов првак.

Додека Ливерпул гази во првенството, тренерот Јирген Клоп реши да ги одмори првотимците од мечевите во ФА купот. Иако се работи за најстарото натпреварување во светот, Ливерпул не игра со најдобриот тим. Германскиот стратег потврди дека сите фудбалери од првата екипа имаат добиено одмор и нема да бидат на теренот за повторениот дуел против Шрусбери.

„Уште пред две недели им најавив на момците дека ќе имаат мини зимска пауза во овој период. Тоа автоматски значи дека нема да играат на дуелот против Шрусбери, . Децата ќе ја преземат одговорноста и ќе играат на овој дуел“, рече Клоп, кој најверојатно воопшто нема да биде на „Енфилд роуд“.

Ливерпул на утрешниот меч треба да го води менаџерот на екипата до 23 години, Нил Кричли. Овој тим на Ливерпул веќе имаше едно негативно искуство во Лига купот, кога на гостувањето кај Астон вила загуби со убедливи 5:0, но играта на теренот не го отслика реално резултатот.

Тимот кој игра во третата лига во Англија во последните 10 меча во сите натпреварувања има само една победа, и тоа во ФА купот. Во овој период нареди и пет нерешени и четири порази. Една од тие реми-средби е токму против Ливерпул на свој терен. Тогаш гигантот играше во комбиниран состав и имаше предност од 2:0, но домаќините успеаја да се вратат и со два погодока да се изборат за реванш на легендарниот „Енфилд роуд“.

Ова е најверојатниот состав со кој Ливерпул ќе настапи утре во ФА купот.

 

- Оглас -

Најнови вести