Шампионот нема да го промаши рекордот

Детроит пистонс – Феникс санс (НБА, 01 часот)

Двете екипи имаат многу проблеми и повредени играчи и ова за нив е клучен дел од сезоната. Победата е исклучително важна и за Детроит и за Феникс за да се фати приклучок во битката за позициите што водат во плејофот.

Детроит е хендикепиран со повредите на клучните играчи Блејк Грифин и Дерик Роуз, а ноќеска нема да играат и Сви Михајљук и Лук Кенард.

Дополнителен проблем е што се најавува и трампа на Андре Драмонд, еден од најдобрите центри во лигата, па можно е и тој да не игра ако биде во таканаречениот трејд-блок. Во таков случај Пистонс би биле аутсајдери против Феникс.

И Сонцата имаат доста проблеми и отустни играчи. Шариќ, Камински, Бејнс, Џером и двајцата кошаркари со исто презиме, Џонсон, не се во составот за настап во Детроит.

Патем Феникс имаат и пет порази по ред од Детроит, но сепак во моментов во ваква ситуација имаат нмалку поквалитетен ростер и ќе типуваме дека ќе победат.

Предлог тип: 2 (1.70)

 

Бостон селтикс – Орландо меџик (НБА, 01.30 часот)

Бостон е во одлична серија од 4 победи по ред, а во тој циклус го победи Орландом и тоа убедливо со 109:98 на гостински терен.

Иако не играат двајца важни кошаркари за Селтикс, Кемба Вокер и Маркус Смарт, сепак избраниците на Бред Стивенс квалитетно го покрија нивното отсуство. Неизвесно е дали тандемот бекови ќе игра и ноќеска, но сепак Бостон е фаворит.

Орландо го победи Шарлот пред две вечери и ја прекина серијата од 5 порази. Сепак, за нив најважно е што умешно ја бранат осмата позиција на Истокот, последна што гарантира учество во плејофот.

Слабата офанзива им е проблем на гостите и на последните пет меча, само против Шарлот успеаја да ја минат границата од 100 поени и забележаа победа. Типуваме дека Бостон ќе успее да ги задржи под стотката и дека домаќините ќе победат.

Предлог тип: 1<211.5 поени (2.35)

 

Бруклин нетс – Голден стејт вориорс (НБА, 01.30 часот)

Голден стејт забележа две победи по ред, и двете против екипи од Источната конференција, па се надеваат на хет-трик со триумф против уште една екипа што игра во тој ранг.

Сепак, Бруклин е малку поинаков предизвик и екипа што е во многу подобра форма од Кливленд и Вашингтон. Проблемите на Голден стејт се познати, не играат двете големи ѕвезди Стеф Кари и Клеј Томпсон, а сега се споменува дека е можно да останат и без третата, Деанџело Расел.

Расел е во комбинација да биде разменет, што и не е нелогичен потег на раководството на Вориорс. Сезоната и онака им е пропадната, шанси за плејоф нема, па постои варијанта Деанџело да си замине и да не игра ноќеска против Бруклин.

Домаќините останаа без Кајри Ирвинг, кој повторно е повреден, но и без него победуваат. Имаат добри замени за Ирвинг на бековските позиции и подобар состав од Голден стејт, па се чини дека единицата е сигурен тип.

Предлог тип: 1 (1.40)

 

Торонто репторс – Индијана пејсерс (НБА, 01.30 часот)

Торонто е екипата што е во најдобар форма во моментов и ако ја победи Индијана, ќе забележи клупски рекорд од 12 триумфи по ред.

Интересно е што победа им носи поклопување на бројките и во домашните дуели со Пејсерс, екипа што ја надиграа на последните 11 меча во својот дом, во „Скоцијабенк арената“.

Шампионот ноќеска ќе игра без Марк Гасол и Ник Пауел, кои се повредени и веројатно без Холис Џеферсон, но хендикепот на Индијана сепак е поголем, иако нема да им игра само еден кошаркар. Ти-Џеј Ворен е на листата со повредени играчи кај гостите, а тој е стандарден во првата постава и еден од најдобрите кај Индијана.

Торонто е во опасен налет, има одличен состав и типуваме дека ќе го урне клупскиот рекорд со 12-та победа по ред.

Предлог тип: 1 (1.50)

 

Минесота тимбервулфс – Атланта хоукс (НБА, 02 часот)

Двете екипи учествуваа во најголемата трампа досега во историјата на НБА-лигата, во која учествуваа четири екипи дури со 11 кошаркари и неколку пикови на идните драфтови.

Атланта, според грото НБА-експерти, мина одлично во трампата и го доби Клинт Капела, млад центар што играше добро за Хјустон, а има потенцијал да напредува. Со него во составот Хоукс имаат многу перспективна екипа што допрва треба да очекува резултати.

Минесота размени четворица кошаркари, меѓу нив и стартерот Ковингтон, а доби неколку кошаркари што можат да бидат добри резерви.

Волците се фаворити против Атланта, но играат очајно и се рекордери во моментов во НБА со 12 порази по ред. Атланта може да го искористи моментот и големата криза кај Минесота и со победа да побегне од последното место во Источната конференција.

Предлог тип: 2 (2.75)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести