На понуда го имате експертот за реми, има 11 нерешени во 20 меча сезонава

Рома – Болоња (20:45 ч.)

Иако ситуацијата на табелата објаснува дека Рома е многу поквалитетен тим, последните пет меча велат дека Волчицата е во криза (освоени само 4 бода), додека Болоња е во налет само со еден пораз во последните шет дуели во Серија А.

Болоња ја има најслабата одбрана во првопласираните 11 екипи во Италија, додека Рома кога игра на „Олимпико“, просекот е над три погодоци на дуел. Рома има пет победи во последните седум меча со овој ривал и таа традиција треба да продолжи.

Предлог тип: 1-1 3+ (3.25)

 

Ајнтрахт Франкфурт – Аугсбург (20:30 ч.)

Тимот од Франкфурт одлично ја започна 2020 година и има две победи и едно реми. Аугсбург е тим кој поретко си оди со бодови од гостувањата, а Ајнтрахт верува дека ќе го задрши просекот, а тоа е да дава барем два гола на меч. Сепак, традицијата вели дека Аугсбург е кошмар за Ајнтрахт бидејќи екипата од Франкфурт ги загуби четири од последните пет меча со овој ривал.

Ако се следи и традицијата, тогаш треба да се очекуваат голови. На последните шест меча немало дуел со под три гола, а петпати било ГГ 3+.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.76)

 

Динамо Дрезден – Дармштат (18:30 ч.)

Динамо е последен на табелата во втората германска лига, но има реални шанси да се спаси. Дармштат е тимот кој може да се нарече дека е кралот на нерешените резултати затоа што во 20 кола досега има 11 ремија. Од тие 11 нерешени, дури пет се на последните пет средби.

Кога игра во Дрезден, Динамо е сосема солиден со 4 победи и две ремија во 10 дуели. Дармштат не е тим од кого треба да се плашат домаќините, па затоа се очекува дека гостите нема што да бараат во Дрезден.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.78)

 

Алавес – Еибар (21:00 ч.)

Дуел на екипи со потполно израмнет биланс досега. Двете имаат по шест победи, шест ремија и 10 порази, но Алавес е со подобра гол-разлика. Квалитетот на овие екипи треба да биде доволен за опстанок, но не и за некој квалитетен фудбал.

Дури и традицијата вели дека осум од последните 11 меѓусебни средби завршиле со не повеќе од два гола.

Предлог тип: 0-2 (1.59)

 

Гент – Андерлехт (20:30 ч.)

Во текот на поголемиот дел од сезоната, Андерлехт има проблеми со многуте повредени играчи, па така е и сега. Гент игра одлично, а сезонава е еден од најдобрите домаќини. Пред своите фанови тимот има 10 победи, само две ремија и ниту еден пораз со гол-разлика 32:8.

Андерлехт е неубедлив, па ништо чудно ако не успее да биде ниту во првите шест на табелата. Есеноска мечот заврши со вистинско гол-шоу (3:3), па и сега може да се очекува да има погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.77)

 

- Оглас -

Најнови вести