Веќе е познато дека Единсон Кавани, рекордерот по број на погодоци во историјата на ПСЖ, ќе го напушти францускиот првак по крајот на сезоната и најверојатно ќе биде нов член на Атлетико Мадрид. Но, Уругваецот нема да биде единствениот долгогодишен играч на Светците кој во претстојното лето ќе бара нов клуб.
Капитенот Тијаго Силва исто така ќе мора да најде нов ангажман, откако клубот одлучи да не ја продолжи соработката со искусниот бразилски стопер. Силва, кој пристигна во Париз заедно со Златан Ибрахимовиќ во летото 2012 година, влезе во последната година од договорот и како еден од најплатените играчи во ПСЖ ќе ја заврши својата ера по цели осум години.
Силва досега запиша повеќе од 300 настапи за францускиот првак, воедно се закити со 20 трофеи меѓу кои шест титули се во Лига 1, меѓутоа не си ја исполни желбата да го крене трофејот во Лигата на шампионите, но за тоа има уште една, последна шанса во оваа сезона.