По еден избор од топ 5 лигите во Европа

Баер Леверкузен – Борусија Дортмунд (18:30ч, 21-во коло Бундеслига)

Милионерите некомплетни ќе гостуваат на „Бајарена“ во мечот кој е окарактеризиран како дерби на колото во Бундеслигата. Тренерот Фавр нема да смета на капитенот Ројс, а најверојатно и на клучни Дилејни и Гереиро, но за нив е добро и што домаќините се десеткувани, па можеби мечот ќе го загуби предвидениот сјај.

Дортмунд ќе се обиде да остане во трка за лидерската позиција со Баерн и Лајпциг, додека Леверкузен цели на четвртото место кое носи пласман во квалификациите за ЛШ. Нивните минати меѓусебни дуели ветуваат ефикасна средба денес, иако најчесто голем број на погодоци се случуваат во ситуација кога Дортмунд е домаќин. Последното гостување во Леверкузен Милионерите убаво го паметат, триумфираа со 4-2, што значи дека намерата е да се повтори тој резултат.

Предлог тип: X2 & 3+ (2.07)

 

Брајтон – Ватфорд (18:30ч, 26-то коло Премиер лига)

Ватфорд покажа знаци на живот по честата смена на тренерската позиција, но повторно се во мини-серија од три меча без триумф, па така останаа заглавени во црвената зона која значи испаѓање во втората лига. Денес гостуваат на стадионот каде што во рамки од Премиер лигата немаат остварено победа, но позитивно е што на „Амекс“ примија само еден гол од Брајтон во два дуели.

И Брајтон минува низ кризен период, веќе пет меча не знаат за победа, но средбата од првото коло против Стрлешните во која славеа со убедливи 3-0 им е мотив да издвојат двојна победа. Сепак, Ватфорд ќе го скрши мразот и овојпат ќе се радува на гол на гости.

Предлог тип: ГГ3+ (2.25)

 

Марсеј – Тулуз (17:30ч, 24-то коло Лига 1)

Марсеј без еден од клучните играчи, Флоран Тован, кој поради повреда нема да биде во составот на Билјаш-Боаш, ќе се обиде да го одржи тримесечниот биланс без пораз. Иако ПСЖ се недостижни според бројот на бодови, на Марсеј му е важно да ја добие битката за второто место и да обезбеди пласман во ЛШ, а шест бода предност во однос на Рен засега им е гаранција за тој успех.

Традицијата вели дека Марсеј ќе ја добие оваа битка како и изминатите пет меѓусебни дуели против Тулуз во лигашки рамки. Јасно е дека гостите имаат минимални шанси за изненадување бидејќи последниот триумф на „Велодром“ датира од 2012 година.

Предлог тип: 1 & Т12+ (1.63)

 

Торино – Сампдорија (18ч, 23-то коло Серија А)

Триумф е императив и на двете екипи со оглед на тоа дека веќе три кола не освојуваат бодови. Торино веќе има двоцифрен број на загубени дуели во Калчо лигата, додека тимот на Клаудио Раниери веќе изброи 12 порази, учинок кој не оди во нивна полза ако се знае дека Сампдорија се бори за опстанок.

Првиот овосезонски дуел припадна на тимот од Џенова со минимални 1-0, што е чудно бидејќи во претходните 12 средби редовно имало два или повеќе погодоци. На домашен терен Торино славеше во три од последните пет меча против Сампродија, надополните со две ремија, па се очекува и денес Биковите да се радуваат по крајот на 90-те минути.

Предлог тип 1X & 1-3 (2.04)

 

Валјадолид – Вилјареал (18:30ч, 23-то коло Ла Лига)

Жолтата подморница делува солидно во изминатиов период, со тоа што направија еден кикс против Еспањол и тоа пред свои навивачи. Вилјареал денес гостува кај Валјадолид со намера да продолжи со серијата гостински победи која засега стои на три меча и воедно да се наметнат во трката за местата кои носат пласман во Лигата на Европа.

Со оглед на тоа дека овие две екипи од 2013 година немаат одиграно натпревар во кој се треселе мрежите на двете страни, време е да се смени тој факт, па мечот да се зачини барем со по еден гол во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ (1.90)

- Оглас -

Најнови вести