Пари Сен Жермен го доби дербито против Олимпик Лион во фантастичен меч со шест погодоци – 4:2. Од сите голови, најефикасен беше тој што Фернандо Марсел, фудбалерот на Лион, го даде во сопствената мрежа.
На почетокот на второто полувреме ПСЖ беше во напад, Џулијан Дрекслер со крајни напори се обиде да стигне една топка да не излезе во гол-аут и успеа во тоа. Дрекслер успеа да упати и центаршут во петерецот на гостите, а таму дефанзивецот на Лион на атрактивен начин ја заби топката во сопствената мрежа.
За да биде потврден овој спектакуларен автогол, судијата мораше да добие потврда од ВАР-собата дека Дрекслер успеал да нафрли пред таа да излезе од теренот.
El gol de la semana. By Fernando Marçal. pic.twitter.com/1HH3E8rUTS
— Santiago Castro 🌐 (@DT_Santi) February 9, 2020