Новиот член на турската селекција не го менува името

Шејн Ларкин ги отфрли шпекулациите дека ќе го менува името откако доби турско државјантсво и прифати да ја претставува селекцијата на Турција. Кошаркарот на Анадолу Ефес се огласи преку својот твитер-профил и посочи дека ќе го задржи своето име, така што информациите дека во иднина ќе се вика ДеШон Дејвис Каркин се неточни.

„Сите информации дека ќе го сменам името се неточни. Името и презимето со кое сум роден ќе го задржам и по добивањето турско државјанство“, напиша Ларкин.

Најдобриот кошаркар во Евролигата за оваа сезона со речиси 22 поени просек по натпревар одби да го следи примерот на Боби Диксон, членот на Фенербахче, кој исто така играше за турската селекција како натурализиран странец и го смени името во Али Мохамед. И Петар Наумоски своевремено мораше да го смени името во турскиот пасош и таму фигурираше како Полат Намик, но не играше за Турција.

https://twitter.com/ShaneLarkin_3/status/1226813996671455232

- Оглас -

Најнови вести