Турците добија големо засилување за олимписките квалификации

Еден од најдобрите играчи во Евролигата и ѕвезда на Анадолу ефес Шејн Ларкин, прифати да игра за кошаркарската репрезентација на Турција. Ларкин ќе се приклучи на селекцијата за квалификациите за ОИ во Токио, кои што ќе се одржат во јуни во Канада, а Турција за противници ги има репрезентациите на Уругвај и Чешка.

Ларкин веќе втора сезона ги брани боите на Анадолу и се наметна како еден од најдобрите кошаркари во Европа, а минатата сезона стана и европски вицепрвак откако неговата екипа загуби од ЦСКА Москва во финалето од Евролигата.

„Чест ми е и благодарен сум што ја добив оваа прилика да ја претставувам Турција. Со гордост ќе го носам националниот дрес“, напиша Ларкин на својот „Твитер“ профил.

Инаку, претходно се шпекулираше дека Ларкин би можел да заигра за селекцијата на Хрватска. Како што е веќе познато, ФИБА дозволува секоја селекција да ангажира по еден странец, а пред Американецот за Турција играа Боби Диксон и Скоти Вилбекин.

- Оглас -

Најнови вести