Јувентус вечерва на „Сан Сиро“ ќе ја брка 10-тата победа по ред против Милан

Антверпен – Генк (20:30 ч.)

Двете екипи имаат многу проблеми со повредени играчи, но факт е дека Антверпен игра одлично на свој терен. Во 11 меча пред своите навивачи, Антверпен има девет победи и две нерешени без ниту еден пораз, што доволно зборува за тоа дека Генк ќе биде пред тежок предизвик.

Три од последните пет меча се завршени нерешено, а последните три дуели биле со 4+ голови, што најавува ефикасен дуел.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.96)

 

Милан – Јувентус (20:45 ч.)

За Милан нема друг избор освен триумф во Купот како единствена опција за освојување трофеј сезонава. Неверојатно делува фактот дека Јувентус ги добил последните девет меча против Милан, а седумпати постигнувал барем по два гола.

Во корист на Милан може да оди моменталната мини-криза на Јувентус бидејќи Старата дама ги загуби последните две средби на туѓ терен (против Верона и Наполи со порази од 2:1). Златан Ибрахимовиќ може да биде адутот за Росонерите, но миланскиот тим има многу слаба одбрана. Фактот дека ова е дуел од Купот, а има и реванш, може да биде меч со многу калкулации за да се решава победникот на вториот меч во Торино.

Предлог тип: Х2&2-4 (2.00)

 

Реал Сосиедад – Мирандес (21 ч.)

Сосиедад го елиминираше Реал Мадрид по победата на „Сантијаго Бернабеу“ со 4:3, а сега имаат многу полесен ривал. Второлигашот Мирандес е изненадувањето во Купот, кој верува дека може да стигне и до чудо и пласман во финалето за да се бори за трофејот.

Овие две екипи еднаш само имаат играно во Купот, и тоа во 2004 година, кога Мирандес победи по подобро изведување на пенали. Сепак, сега ситуацијата е подруга и Сосиедад е голем фаворит.

Предлог тип: 1-1 3+ (2.90)

 

Епинал – Сент Етјен (21:00 ч.)

Четвртолигашот се избори за меч со еден од најуспешните клубови во Франција. Епинал ќе ја има и улогата на домаќин, што на аутсајдерот му дава шанса да направи прослава пред своите фанови. Пред две недели Епинал направи едно чудо откако со 2:1 го елиминираше Лил. Токму тој пораз треба да биде аларм за Сент Етјен да не дозволи изненадување.

Предлог тип: 2 (1.45)

 

Сиваспор – Анталијаспор (17:15 ч.)

Реванш од четвртфиналето во Купот на Турција. Првиот дуел заврши 0:0, што значи дека домаќините со каква било победа ќе бидат во полуфиналето. Сиваспор пет меча е без победа, а има пет нерешени во последните 10 средби. Анталијаспор е уште поубедлива кога се во прашање нерешените мечеви – четири ремија од последните пет дуели.

Ако не се смета последното реми без погодоци, претходните пет натпревари завршиле со најмалку по три гола. Бидејќи се работи за меч од Купот, каде што калкулациите се поголеми, можно е да нема многу погодоци.

Предлиг тип: 0-2 (2.20)

 

- Оглас -

Најнови вести