Ривер плејт на гостински терен го победи најголемиот ривал Бока јуниорс, во дербито на 15 коло од аргентинското првенство. Ланзини со гол во 20 минута донесе предност на Ривер плејт, а Бока до последниот свиреж се обидуваше да израмни.
MANU LANZINI para gritar el 1-0 en el Superclásico ⚪️🔴⚪️💪pic.twitter.com/QnaFz09Ce6
— River Plate (@RiverPlate) September 21, 2024
На крајот од второто полувреме, судијата даде седум минути дополнително време, а буквално во последните секунди од дуелот, Гименес постигна гол, за голема радост на домашните фанови.
Сепак, по реакција од судиите во ВАР собата, главниот арбитар реши да ја погледне снимката, на која се гледа како домашниот играч освен што ја удира топката со глава, игра и со рака па затоа погодокот беше поништен. За Бока ова е прв пораз во 2024 година на домашен терен.
Ривер сега има 24 бодови и е на петото место на табелата, додека Бока остана на 21 бодови што е доволно за 11 позиција на табелата.