Ноќеска ќе има доминација на домаќините

Алијанц Лима – Атлетико Грау (02:00)

Тимот од главниот град на Перу започна со пораз и реми, но вечерва се очекува да стигне до првиот триумф во новото првенство. Грау е екипа која до минатото првенство беше во втората лига и сигурно нема да има многу шанси против Алијанц, па ова е еден од најсигурните „кецови“ за ноќешните мечеви.

Предлог тип: 1-1 (1.86)

 

Таљерес Кордоба – Сан Лоренцо (01:45)

Сан Лоренцо има подобар тим, но сепак против Таљерес Кордоба едноставно како да не знае како да одигра. На последните четири меча на овие два тима, Кордоба има три победи и едно реми. Таљерес пред своите навивачи сезонава имаат само два порази во девет средби, што само потврдува дека ретко ги разочаруваат фановите.

Во Аргентина ретко кога има повеќе од три погодоци на меч, па и овојпат не треба да има голеада, а предноста е за домаќините.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.54)

 

Клуб Америка – Атлас (02:00)

Ова треба да биде сигурна победа на домаќините. Клуб Америка против секој ривал на свој терен е фаворит, а Атлас не е екипа од која треба посебно да се плашат. Последните четири меѓусебни меча завршуваат со барем три погодоци, па очекуваме оваа традиција да продолжи и вечерва.

Предлог тип: 1-1 3+ (3.70)

 

Пачука – Пуебла (00:00)

Дуел на две екипи кои по првите 5 меча имаат освоено само четири бодови. Сепак, факт е дека Пачука игра сигурно на свој терен, бидејќи во двата меча кои ги одигра не прими гол, а освои четири бода. Во последните осум меѓусебни меча, Пуебла нема ниедна победа. Пачука се радувала пет пати, а три средби завршиле без победник.

Предлог тип: 1 (1.63)

 

- Оглас -

Најнови вести