Тимот на Леброн досега нема загубено на Ол-стар спектаклот

Тим Леброн – Тим Јанис (Ол-стар викенд, 02ч)

Веќе трета година главниот собир на НБА ѕвездите се игра во формат со двајца капитени кои ги бираат составите. Во претходните два наврати тимот кој го предводи Леброн Џејмс триумфираше против Тимот на Стеф Кари, односно лани против тимот на Јанис Адетокумбо. Грик Фрик повторно е лидер на едната екипа и ќе сака одмазда за минатогодишниот дебакл.

Во тој меч се постигнаа вкупно 342 поени, дури 17 играчи беа со двоцифрен учинок, а Јанис реализира 38 поени но сепак остана без МВП наградата која заврши во рацете на Кевин Дурант. Ветровитиот град е подготвен за нов спектакл, а фаворитската улога ја има составот на Кралот.

Предлог тип: Јанис Адетокумбо >25,5 поени (2.0)

 

Нешвил предаторс – Сент Луис блуз (НХЛ, 00ч)

Сент Луис очигледно уште е во шок по немилите сцени кои се случија пред неколку дена кога на среде меч се онесвести нивен хокеар. Од дуелот со Анахејм тие загубија во два наврати, а еден од тие порази е токму од Нешвил кој славеше на мразот од Сент Луис. Сега на гостите е цел да се реваншираат, особено што веќе три пати во низа загубија од Предаторите кои мактрпно се борат за место во разигрувањата.

Без разлика што Сент Луис е лидер на Западот, ноќеска им се предвидува ново разочарување.

Предлог тип: 1 (2.40)

 

Отава сенаторс – Далас старс (НХЛ, 00ч)

Сенаторите играат катастрофална сезона и се меѓу послабите екипи од Истокот. За проблемите да им се зголемат дополнително, ноќеска на нивен терен гостува втората најдобра екипа од западната конференција, Ѕвездите од Далас, кои се во серија од четири последователни победи и не планираат да застанат со низата.

Далас ги доби последните два дуели против Отава, но истите беа одиграни на тексашко тло, а сега ќе се види како играат на непријателски терен.

Предлог тип: 2 (2.0)

 

Бафало сејберс – Торонто мејпл лифс (НХЛ, 01ч)

Јаворовите листови никако да го повторат минатосезонскиот подвиг, па сега до крајот на регуларниот дел од сезоната нивниот пласман во разигрувањата ќе виси. Сепак, за Торонто е добро што им следува гостување кај екипа која има речиси идентичен биланс на домашен терен, Бафало брои 17 победи и 14 порази пред своја публика.

Поранешните меѓусебни дуели најавуваат дека и овој ќе биде ефикасен и дека ќе се видат барем пет погодоци во трите периоди.

Предлог тип:  >5,5 погодоци (1.60)

 

Винипег џетс – Чикаго блекхокс (НХЛ, 02:30ч)

Во пресметката меѓу двете екипи од долниот дел од табелата во западната конференција, ќе победи тимот кој ќе има резултатска предност по првата третина. Така беше во претходните три средби на Винипег и Чикаго. Џетси како домаќини славеа во пет од последните шест меча против Црните јастреби и во сите тие победи реализираа по пет гола во просек.

Двете екипи се во негативен биланс во вкупниот збир на погодоци, значи дека слабите одбрани повторно ќе потфрлат.

Предлог тип: >5,5 погодоци (1.65)

- Оглас -

Најнови вести