Тајсон Фјури е новиот боксерски шампион во тешка категорија во ВБЦ верзијата, откако рано утрово, во спектакуларен меч го победи Деонте Вајлдер. Популарниот Цигански Крал одлично го започна мечот. Британецот доминираше уште од првата рунда, а веќе во втората, Вајлдер за прв пат се најде во нокдаун.
Фјури продолжи немилосрдно да го напаѓа противникот, па следуваа нови нокдауни. Вајлдер беше немоќен и не можеше да ги избегнува нападите на противникот. На Американецот започна да му тече крв од нос, уста, а му беше раскрвавено и увото.
Немоќниот Вајлдер успеа да издржи до седмата рунда, кога судијата со технички нокаут мораше да ја прекине борбата, а тоа значеше и дека новиот светски боксерски првак е Фјури.
Вајлдер во 11-тиот обид да ја одбрани титулата за прв пат е поразен во кариерата, па приматот на непоразен сега останува само за Фјури. Спектаклот започна со преставувањето на двајцата боксери кои имаа свое шоу при доаѓањето до рингот, а тоа може да го видите ТУКА.
#ANDTHENEW WBC CHAMPION OF THE WORLD… TYSOOOOOON FURYYYYYY!! #WBC #CONQUEReverything #Boxing #WilderFury2 pic.twitter.com/jjLmdWA67q
— World Boxing Council (@WBCBoxing) February 23, 2020