Како изгледаше спектакуларната најава и пристигнувањето на Фјури и Вајлдер до рингот? (Видео)

Тајсон Фјури го прекина митот за непобедливост на Деонтеј Вајлдер. Американецот кој повеќе од 40 борби беше без пораз, конечно се најде на подот. Фјури е боксерот кој стави крај на доминацијата на Вајлдер, откако во спектакуларна борба, го победи во рингот во Лас Вегас.

Популарниот Цигански крал славеше со технички нокаут во седмата рунда, кога судијата беше приморен да ја прекине борбата откако Вајлдер прими многу удари, беше немоќен и едноставно беше послаб во овој меч.

Не само борбата, туку и тоа што беше пред нејзиот почеток беше спектакуларно. Доаѓањето на двајцата боксери до рингот беше вистинско шоу, кои може да го погледнете тука.

 

- Оглас -

Најнови вести