Волците се кротки, Далас ќе ги победи во сите четвртини

Колумбус блу џекетс – Отава сенаторс (НХЛ, 01 часот)

Проблемите на Колумбус само се зголемуваат и од шестмина повредени од пред некој ден, сега имаат дури 9 хокеари што не можат да играат против Отава.

Ваквиот неповолен билтен очекувано се одрази на игрите на Блу Џекетс, па нанижаа дури 8 порази, дел од нив по продолженија или на пенали и четири во регуларен дел.

Сега во Колумбус стравуваат и за плејофот бидејќи ривалите ги стигнаа, иако сè уште тимот е на осмото место на табелата во Источната конференција.

Против Отава, која нема шанси за плејоф, е шансата на Колумбус да ја прекине црната серија од порази и ќе типуваме дека ќе успее, иако здравствениот билтен им е исклучително неповолен.

Предлог тип: 1 (1.83)

 

Џеди Осман (НБА, Кливленд кавалирс – Мајами хит 01 часот)

Убава најава за нас има светски познатиот медиум „Yahoo.com“ и Чеди Осман е најавен како кошаркар кој доаѓа од Македонија. Беше најефикасен во поразот на Кливленд против Мајами во саботата навечер и постигна 19 поени, но Коњаниците загубија убедливо со 124:105 како гости на Флорида.

Кливленд има 8 порази по ред од Мајами, но Осман има неколку одлични партии против Хит. Во јануари лани постигна личен рекорд од 29 поени токму на дуелот против овој ривал, иако неговиот тим и тогаш загуби со 100:94.

Во отсуство на Кевин Лав, кој е повреден и неговиот настап е неизвесен, Осман добива повеќе простор и за игра и за шут кон кошот на ривалите.

На последните два меча постигнуваше 16 и 19 поени, па очекуваме хет-трик од родениот Охриѓанец и нова добра партија со двоцифрен број поени.

Предлог тип: > 10.5 поени (1.80)

 

Тре Јанг (НБА, Филаделфија 76 – Атланта хоукс, 01 часот)

Младиот бек на Јастребите игра одлична сезона, втора за него во НБА-лигата и го дели второто место на листата со најдобри стрелци со Јанис Адетокумбо. Двајцата Олстар-кошаркари имаа просек од по 30 поени и како што изгледа, ќе водат мртва трка до крајот на сезоната за место зад неприкосновениот крал на стрелците Џејмс Харден.

Јанг продолжи во одличен ритам и по Олстар-викендот и веднаш постигна 50 поени против Мајами и потоа двојно помалку против Далас.

Атланта ги доби тие два меча, што само покажува дека многу работи во играта на тимот зависат од Тре. Ноќеска ќе му биде и полесно да го полни кошот на Филаделфија бидејќи Бен Симонс, кој е добар дефанзивец нема да игра поради повреда.

На последниот меѓусебен меч со Филаделфија, Атланта победи со 127:117, а Јанг постигна 39 поени. Очекуваме повторно да биде ефикасен и да оди над триесетката.

Предлог тип: > 30.5 поени (1.85) 

 

Џоел Ембид (НБА, Филаделфија 76 – Атланта хоукс, 01 часот)

Еден од најдобрите центри во НБА имаше интересна изјава по победата против Бруклин нетс и сам си се пофали дека е најдобар кошаркар на светот.

На тој меч постигна 39 поени, но веднаш на следниот со малку посериозен ривал, Милвоки бакс, потфрли и забележа само 17 поени.

Неконстантноста и повредите се проблем за Ембид, кој има потенцијал да биде меѓу најдобрите играчи на планетата. Се наоѓа во Топ-20 најдобри стрелци на 16-тата позиција со просек од 23,1 поен, но одигра и најмалку натпревари во однос на конкурентите.

Атланта нема добра „петка“, барем додека не заигра новото засилување Клинт Капела, кој е повреден, што е шанса за Ембид да го наполни кошот на гостите.

Предлог тип: > 28.5 поени (1.87)

 

Вашингтон визардс – Милвоки бакс (НБА, 01 часот)

Во единствениот меѓусебен меч меѓу овие две екипи сезонава имаше вистинска ревија од поени, а мечот заврши со победа на Бакс од 151:131. Тоа е еден од најефикасните мечеви во овој циклус, а можно е да има реприза и ноќеска.

На тој меч Крис Мидлтон и Бредли Бил и буквално се тркаа кој ќе постигне повеќе кошеви, а победи кошаркарот на Милвоки со 51 поен, наспроти 47 на бекот на Вашингтон.

На тој меч не играше Јанис Адетокумбо, вториот најдобар кошгетер во лигата, а за овој меч е подготвен, па може да се очекува нов ултраефикасен дуел и многу кошеви на двете страни.

Предлог тип: > 239.5 поени (1.97)

 

Далас маверикс – Минесота тимбервулфс (НБА, 02.30 часот)

Минесота е во слободен пад и екипата од која се очекуваа големи дела сезонава полека, но сигурно се простува од настап во плејофот.

Главните две ѕвезди во тимот се повредени и Карл Ентони Таунс и Деанџело Расел нема да играат против Далас.

Волците имаат четири порази по ред и се на претпоследното место во Западната конференција, веројатно и како најголемо разочарување во Лигата.

Шанса добиваат резервите, но тоа е тенок квалитет за настап во НБА-лигата, па билансот од 16 победи и 39 порази е разочарувачки за тимот што беше најавуван како сигурен учесник во плејофот.

Далас ќе ги нема двајцата резервни бекови Брансон и Пауел, но има доволно квалитетен ростер за да ја победи убедливо Минесота. Тука ќе одиграме ризично, дека домаќините ќе ги добијат сите четири периоди од по 12 минути со одличен коефециент во Sport Life.

Предлог тип: Победник во сите четвртини 1 (4.60)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести