Како „Јаху“ го претстави Осман: Џеди, играчот на Кливленд со потекло од Македонија! (фото)

Во извештајот на „Јаху спортс“ за мечот меѓу Мајами хит и Кливленд кавалирс кој се одигра пред две ноќи стои дека Џеди Осман е со потекло од Македонија. За американскиот веб-сервис провајдер, кој воедно има и медиумска платформа, не постои зборот Северна, па членот на Кливленд кој е роден во Охрид го претставија дека доаѓа од Македонија.

Македонецот кој ги брани боите на турската кошаркарска селекција забележа одлична партија со 19 поени, 7 скока и исто толку асистенции, иако неговиот Кливленд загуби на гостувањето во Флорида со 124:105. Потоа следуваа неколку пофални зборови околу подобрување на неговата статистика, потврдувајќи дека кај Осман има значителен напредок во однос на неговата дебитантска сезона во НБА-лигата.

Инаку, Кливленд и Мајами ноќеска повторно ќе ги одмерат силите, овојпат Кавалирс ќе ја имаат предноста на домашен терен и се очекува нов блескав настап на Осман.

 

- Оглас -

Најнови вести