Лидерот на Истокот паѓа во Торонто

Торонто репторс – Милвоки бакс (кошарка, НБА, 01.30 часот)

Актуелниот НБА-шампион ќе стори сè за да победи и да ја намали разликата која во моментов изнесува седум победи. Елените имаат само осум порази сезонава, често победуваат убедливо, сега се поискусни од лани и ако триумфираат и во Торонто, ќе може да се каже дека тие ќе бидат први носители во плејофот. Двата тима заедно имаат само три порази на последните вкупно 36 меча, Репторс завчера ја разби Индијана со 46 разлика и тоа треба да ги плаши гостите. Торонто дома не загуби од 13 јануари и на свој терен има серија од три победи по ред против Бакс.

Предлог тип: 1 (2.00)

 

Денвер нагетс – Детроит пистонс (кошарка, НБА, 03.00 часот)

Ова треба да биде најчиста единица вечерва и квотите најавуваат такво нешто. Пистонс има само две победи на последните 12 меча, но една од тие победи беше на 2 февруари по продолжение токму против Нагетс. Тогаш го искористија заморот и некомплетноста на противникот, сега Детроит ќе ги нема тие адути. Денвер ќе биде мотивиран да победи и веројатно нема да го потцени противникот. Клиповите немаат многу шанси за плејоф, но нема да губат намерно со цел да добијат што повисок пик на драфтот.

Предлог тип: 1 во Q1 (1.40)

 

Лос Анџелес лејкерс – Њу Орлеанс пеликанс (кошарка, НБА, 04.00 часот)

Влегувањето на Зајон Вилијамсон во НБА-лигата во САД е проследено со најмногу интерес уште од времето пред 17 години, кога Леброн Џејмс беше дебитант. Вечерва ветеранот Леброн ќе се сретне со физички моќниот тинејџер и тоа ќе биде од двата меѓусебни дуели за неколку дена. Лејкерс сезонава има веќе 2-0 против Пеликанс, а со оглед на тоа дека Езерџиите се први на Западот, додека Пеликаните се борат за влез во плејофот, ова може да биде и дуел во првото коло од плејофот. Проблем за Њу Орлеанс ќе биде да го запрат Ентони Дејвис, кој сезонава доминираше против својот екс клуб.

Предлог тип: <237.5 (1.90)

 

Портланд трејлблејзерс – Бостон селтикс (кошарка, НБА, 04.00 часот)

Портланд е без повредениот Демиен Лилард, кај Бостон го нема Кемба Вокер, па Си Џеј Меколум, односно Џејсон Тејтум се играчите кои треба да го надоместат неиграњето на опасните стрелци. Ова е прв меѓусебен дуел на овие екипи сезонава, а лани победуваше Портланд во мечеви со малку поени. И Бостон и Портланд играат променливо, а под поголем притисок се домашните кои бркаат плејоф, додека Селтикс е сигурен на третото место на Истокот.

Предлог тип: Си Џеј Мекколум >27.5 поени (1.87)

 

Голден стејт вориорс – Сакраменто кингс (кошарка, НБА, 04.30 часот)

Ова е дуел на два тима од северниот дел на Калифорнија. Вориорс има шест порази по ред, дома не славеле од 19 јануари. На 16 декември во Сан Франциско беше 100-79 за Кингс, а и кога гостуваа во Сакраменто, Воините не успеаја да дадат над 100 поени. Се знае дека главниот проблем на Голден стејт се повредите на главните играчи и затоа не е изненадување што се последни на Западот. Сакраменто ако победи, ќе дојде на четири триумфи помалку од осмиот Мемфис.

Предлог тип: 2 (1.52)

- Оглас -

Најнови вести