Кога леташе крв на сите страни, човекот го спаси да не го претепаат, а Вајлдер го отпушти

Деонте Вајлдер во неделата го претрпе првиот пораз во кариерата, но тоа беше и доволно за да ги загуби боксерските титули кои ги поседуваше. Американецот загуби од Тајсон Фјури откако во седмата рунда, од аголот каде што беа луѓето на Вајлдер, беше фрлен пешкирот, што беше знак дека борбата е предадена. До тој момент, Фјури беше доминантен и успеа да го раскрвави противникот кому му течеше крв од увото, од носот и од устата.

Иако беше во подредена ситуација и трпеше многу силни удари, Вајлдер по мечот беше многу лут затоа што неговите луѓе решиле да ја предадат борбата. Боксерот едноставно не можеше да му прости на тренерот Марк Бреланд што го фрли пешкирот во рингот и реши да го отпушти.

Вајлдер ја загуби борбата, но Американецот веднаш најави дека во скоро време треба да очекуваме реванш. Во клаузулата од претходната борба стои дека доколку загуби, Вајлдер може да бара нов меч, а тоа би требало да се случи до крајот на годината.

 

- Оглас -

Најнови вести