Дончиќ ќе блеска во тексашкото дерби

Лука Дончиќ (Сан Антонио спарс – Далас маверикс, 02:30ч)

Во последните два дуели кои ги доби Далас против Сан Антонио, лидер на Маверикс беше токму сензационалниот Словенец. Во едниот меч запиша трипл-дабл со 42 поени, додека во втората му недостасуваа две асистенции за троен учинок. И ноќеска се очекува Дончиќ да игра на своето добро познато ниво, а можеби и подобро.

Далас и натаму е во добра позиција да обезбеди место во разигрувањата, но доколку влезе во победничка серија, може да избори што повисок пласман бидејќи третопласираните Клиперси му бегаат само три победи.

Предлог тип: Дончиќ >28.5 поени (1.87)

 

Треј Јанг (Атланта хокс – Орландо меџик, 01ч)

Атланта има 2-1 против Орландо во меѓусебната серија од регуларниот дел, па затоа Јастребите се во позиција да ја запечатат серијата на домашен терен, иако не се фаворити во овој меч. Јанг реализира високи 39 поени во првиот овосезонски дуел против Магичните, кој исто така се одигра во „Стејт Фарм арената“.

Токму со помош на опасниот шутер Атланта ќе ја добие серијата против Орландо, па затоа предлогот е да се типува плус поени на Јанг.

Предлог тип: Јанг >29.5 поени (1.87)

 

Џејмс Харден (Хјустон рокетс – Мемфис гризлис, 02ч)

Хјустон влезе во низа од четири победи во кои Харден просечно постигнуваше по 36 поени, а токму во такво расположение очекуваме Брадата да игра и во дуелот против Мемфис. Ракетите првпат сезонава ќе играат на домашен терен против Гризлис, а од претходните две средби силите се израмнети. Харден и во двата меча имаше повеќе од 40 поени, што значи на Мемфис не му се пишува добро.

Предлог тип: Харден >32,5 поени (1.80)

 

Мајами хит – Минесота тимбервулвс (01:30ч)

Батлер поради лични причини нема да се појави во вечерашниот дуел, но тоа не значи дека Мајами ќе потфрли пред свои навивачи. Жешките и натаму држат еден од најефикасните учиноци во лигата на домашен терен, издвоија 23 победи и само трипати загубија, а некомплетната Минесота речиси и да нема шанси за изненадување.

Волците славеа во дуелот кој се одигра на стартот од сезоната, но сега е време за реванш и Мајами дефинитивно ќе го оствари.

Предлог тип: 1 & <232,5 поени (2.25)

 

Феникс санс – ЛА клиперс (03ч)

Сонцињата можеби се меѓу најслабите тимови на Западот, но против Клиперс секогаш се подготвени за тесна битка. Оваа сезона се сретнаа на двапати, Феникс го доби дуелот пред свои навивачи, додека во Лос Анџелес загуби убедливо.

Кој ќе победи ноќеска, ќе поведе во меѓусебната серија, а можно е да се случи изненадување ако се знае дека Пол Џорџ не игра добро во последните неколку мечеви кои Клиперс ги одиграа на гости.

Предлог тип: <231,5 поени (1.90)

- Оглас -

Најнови вести