Филаделфија е хендикепирана, Њујорк ќе издржи со хендикеп од 10 поени

Филаделфија 76 – Њујорк никс (НБА, 01 часот)

Филаделфија има неверојатен биланс од 27 победи и само два порази на домашен терен, но ноќеска ќе биде осетно хендикепирана.

Бен Симонс нема да игра, а и вториот Олстар-играч од тимот, Џоел Ембид речиси сигурно ќе биде надвор од редовите. За да бидат маките поголеми, и третата ѕвезда во составот, Тобијас Харис, влече повреда на глуждот, но тој ќе се обиде да помогне.

Њујорк имаше серија од 4 победи и се врати надежта за подвиг и настап во плејофот, но потоа следуваше студен туш и пет порази по ред, па доигрувањето за титулата веројатно ќе остане само неостварен сон за Никс.

Сепак, ноќеска имаат уникатна шанса да ја прекинат црната серија од 11 порази по ред против 76-те, најмногу поради големите проблеми со повредите на клучните кошаркари кај ривалот.

За посигурно, ќе типуваме дека гостите нема да загубат со повеќе од 10 поени разлика.

Предлог тип: 2 со хендикеп 10.5 поени (1.70)

 

Индијана пејсерс – Портланд трејлблејзерс (НБА, 02 часот)

Индијана одигра два дијаметрално различни натпревари и по катастрофалниот пораз од 46 поени разлика од шампионот Торонто, го совладаа Шарлот со 39 поени разлика.

И Портланд се мачи без првата ѕвезда во тимот, Демиен Лилард, кој и ноќеска нема да игра. Им даде неверојатни 50 поени на Пејсерс на последниот меѓусебен меч што Трејлблејзерс го добија со 139:129.

Лилард е клучниот играч на Портланд и неговото отсуство е голем хендикеп, особено во делот од сезоната кога се кршат копјата, а тимот е на деветтото место, едно под позициите што водат во плејофот во Западната конференција.

Индијана може да здивне и да се обиде да ја сопре серијата од пет порази по ред против Портланд. И тие имаат проблеми, веројатно нема да игра Виктор Оладипо, а Џереми Лемб ја заврши сезоната, па Брогдон и Холидеј ќе се обидат да го надоместат нивното отсуство.

Очекуваме неизвесен меч, со мала разлика за победникот.

Предлог тип: 2 со хендикеп 11.5 поени (1.67)

 

Оклахома сити тандер – Сакраменто кингс (НБА, 02 часот)

Нечија победничка серија ќе мора да сопре ноќеска во Оклахома, а фаворит за победа е домаќинот. Грмотевиците имаат низа од четири успеси на петтото место на Западот и како што играат, можат да се вклучат во битка за уште повисока позиција.

Се разигра Крис Пол, што е клуч на успесите на Оклахома, а одлично го следат и Галинари, Шрудер, Адамс и Гилџиус-Александер. Првата петорка им е одлична и многу незгодна за сите ривали во НБА-лигата, па 36 победи на 58 натпревари и не се изненадување.

Сакраменто игра променливо во целата сезона, но сè уште има шанси за подвиг и настап во плејофот. Кралевите нанижаа три победи по ред и сега се само на четири чекори од осмото место, на кое моментно е Мемфис.

И билансот во меѓусебните дуели во последно време им е израмнет, а победата во последната четвртина од сезоната вреди многу. Оклахома има подобар тим, се наоѓа во малку подобра форма и ќе типуваме дека ќе победи.

Предлог тип: 1 (1.42)

 

Монтреал канедиенс – Њујорк ренџерс (НХЛ, 01 часот)

Двете екипи кои се основачи на НХЛ-лигата го одиграа можеби и најдраматичниот меч сезонава. На 24-ти ноември во „Бел центар“ се тргна како по ноти за најтрофејниот клуб во професионалната хокеарска лига и Монтреал по 23 минути игра имаше убедлива предност од 4:0.

Но, тогаш Ренџерите се разбудија и со невиден пресврт славеа победа од 6:5, што беше пресвртница во целата сезона за тимот од Њујорк. Сега се во топ-форма и со најдобра серија од 4 победи по ред во Источната конференција, па шансите за плејоф се реални. Заостануваат само за четири бода зад осмопласираниот Колумбус, но имаат и три меча помалку одиграно.

И Монтреал има шанси за да се пробие во октетот најдобри, кои ќе доигруваат за титулата, но тие се многу помали. Против себе ќе имаат ривал што е во опасен налет со 8 победи и само два порази на последните 10 меча.

Двете екипи ги имаат главните адути на располагање и ќе одат на победа, а ние ќе типуваме дека ќе се радуваат гостите.

Предлог тип: 2 (2.70)

 

Винипег џетс – Вашингтон капиталс (НХЛ, 02 часот)

Во драматичен меч пред две ноќи Вашингтон успеа да го победи Винипег дури по подобро изведување на пеналите. Тимот од главниот град на САД прокоцка предност од 3:0, па на крајот еден од најдобрите хокеари на сите времиња, Алекс Овечкин, ги спаси со клучен гол во пенал-серијата.

Винипег одигра одличен меч против еден од главните фаворити за титулата, но сега и заморот ќе биде фактор. Џетс имаат дури деветмина повредени хокеари и тоа е голем хендикеп во незгоден период од сезоната.

Пол Морис ќе мора да направи чудо и набрзина да го освежи составот бидејќи на гости доаѓа тим што бие битка за лидерската позиција на Истокот.

Винипег има шанси за плејоф, но тешко ќе излезе на крај со големиот фаворит Вашингтон, кој е комплетен и ќе оди на победа.

Предлог тип: 2 (2.05)

 

- Оглас -

Најнови вести