Ајнтрахт има 4-1 од првиот меч, но и тој резултат не е гаранција за пласман

Салцбург – Ајнтрахт Франкфурт (18ч, реванш Лига на Европа)

Пеналот кој го постигна Хи-Чан за Салцбург во финишот од првата пресметка им дава надеж на Црвените бикови дека може да надополнат три гола негатива. Ајнтрахт иако победи со убедливи 4-1 знае дека ништо не е готово и дека ова големо водство мора да се одбрани бидејќи лесно може да се анулира.

Како и да е, се очекува и овој дуел да биде ефикасен како и претходниот, а воедно ќе се види како Салцбург се снаоѓа на европската сцена без Ерлинг Халанд, нивниот прв стрелец кој си замина од тимот во јануарискиот преоден рок.

Предлог тип: 1+I & 2+II (1.95)

 

Норвич – Лестер (21ч, Премиер лига)

Иако Канаринците играат атрактивен фудбал, убав за гледање, треба да се случи чудо за да се издигнат од дното на табелата и да опстанат во елитата. Во дуелот против Лестер ќе им биде доста тешко иако во првиот меч сезонава Норвич успеа да им украде бод на Лисиците на „Кинг пауер“. Тимот на Брендан Роџерс е гладен за победа бидеќи во изминатите три кола освои само два бода, па затоа Фенерџијата може да настрада вечерва.

Предлог тип: 2 & 0-4 (2.15)

 

Реал Сосиедад – Валјадолид (21ч, Ла Лига)

Сосиедад и по 25 кола е во битка за последните две места преку кои се обезбедува пласман во Лигата на шампионите. Како шестопласирани на табелата со 40 бода, три помалку од Атлетико и Севилја, со евентуален триумф вечерва може да се израмнат по бројот на бодови и уште повеќе да ја направат трката неизвесна.

Лани беа изненадени од Валјадолид на „Аноета“ со пораз од 2-1, нема да се повтори истото сценарио иако и на гостите им е потребен позитивен резултат за што побрзо да си го осигураат местото во елитата и за следната сезона. Во првиот овосезонски меч двете екипи ги поделија бодовите без голови, но обично кога Сосиедад е домаќин, просечно се постигнуваат по два гола на меч против Валјадолид.

Предлог тип: 1 & 1+ полувреме (1.91)

 

Нимс – Марсеј (20:45ч, Лига 1)

Марсеј мора да се оддолжи на навивачите што ги разочара со поразот на домашен терен од Нант во претходното коло. Против екипа која се бори за опстанок треба да се оправда фаворитската улога, но фудбалерите на Ним воопшто не се наивни ако се знае дека наредија четири последователни победи пред да загубат од Рен во претходното 25-то коло.

Во дуелите на Ним и Марсеј редовно се издвојува победник. Вечерашните домаќини победија и во првата меѓусебна пресметка од ланската сезона со 3-1 на домашен терен, а потоа Марсеј возврати со 3-1 и 2-1. Голови се очекуваат и вечерва.

Предлог тип: 2 & ГГ (4.70)

 

Фортуна Дизелдорф  – Херта Берлин (20:30ч, Бундеслига)

Битката за опстанок е доста неизвесна во Германија, а во пресрет на овој дуел Херта има шест бода предност во однос на шестнаесеттопласираната Фортуна. Иако и двете екипи се во лоша форма, во овој меч практично се игра за шест бода, а Берлинците ќе треба да се покажат во добро светло бидејќи не паметат убави гостувања во Дизелдорф.

Редовно паѓаат голови во мечевите на Фортуна и Херта, и тоа просечно се постигнуваат по три.

Предлог тип: ГГ3+ (2.22) 

- Оглас -

Најнови вести