Нема веќе билети за Македонија – Косово!

Фудбалската федерација на Македонија на својата фејсбук-страница објави дека нема повеќе билети за мечот меѓу Македонија и Косово кој на 26 март треба да се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Тоа е полуфинален бараж-меч за пласман на Европското првенство, а победникот ќе игра во финалето од баражот против подобриот од дуелот Грузија – Белорусија.

Ова е првпат билети за меч на Македонија во Скопје да се распродадат на 20 дена до почеток на средбата. И покрај тоа што сите билети се распродадени, сега постои голема веројатност мечот сепак да се игра без публика, а на тие коишто купиле билети, да им се вратат парите. Зошто постои опасност мечот да се игра без публика, прочитајте ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести