Министерот Филипче со препорака: Македонија – Косово може да се игра без публика

Точно уште 20 дена до мечот меѓу Македонија и Косово во плејофот за пласман на Европскоот фудбалско првенство кое ќе се игра летово. Дуелот е закажан за 26 март на арената „Тодор Проески“, а победникот ќе игра во финалето од плејофот за место на континенталниот собир.

Македонската фдубалска репрезентација никогаш досега не била поблиску до пласман на завршница на едно големо натпреварување, а се очекува стадионот да биде исполнет до поледно место.

Сепак, најновите информации се дека мечот може да се игра и без гледачи и тоа поради Коронавирусот. Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешна прес-конференција најави дека негова препорака е овој меч да се игра пред празни трибини.

„Сите спортски натпревари, вклучително и Македонија-Косово, според мене, треба да се играат без публика. Да бидеме внимателни, очекуваме на меѓународни натпревари да има гости од странство. Оваа забрана ќе препорачаме да трае уште една недела, до 13-ти, но во зависност од ситуацијата, можно е да донесеме друга одлука“, рече министерот Филипче кој сепак додаде дека тој меч е по 20 март и дека треба да се види како ќе се одвива ситуацијата со ширење на опасниот вирус.

- Оглас -

Најнови вести