Горан Пандев и Златан Ибрахимовиќ повторно играа еден против друг меѓусебе во Серија А, а по вторпат беа стрелци за различни екипи на ист меч, денеска со многу повеќе среќа и радост за македонскиот репрезентативец.
Пандев беше стрелец на првиот гол за Џенова во победата против Милан од 2:1, а мечот со единствениот гол за Росонерите го затвори Ибрахимовиќ.
Двајцата се легенди на Калчото, со многу успеси, а претходно во меѓусебен дуел постигнаа голови пред 16 години. Во декември 2004 година играа за сосема различни екипи, Пандев за Лацио, а Ибрахимовиќ за Јувентус и постигнаа по еден гол, а триумфираше Старата дама со 2:1.
На тој меч струмичанецот го постигна легендарниот гол, кога со неколку финти ги легна на земја Канаваро и Турам и му ја затресе мрежата на Буфон.