Барселона ја бара титулата доколку Ла Лига не продолжи

Во Шпанија е прогласен двонеделен карантин откако бројот на заразени од Коронавирусот постепено расте секој час. Воедно, вирусот Ковид-19 го запре спортот во Европа и пошироко, па иако е најавено дека првенствата ќе продолжат за околу две недели, односно на почетокот на април, тешко дека ќе се случи такво нешто.

Во мегувреме, има и прв случај на заразен фудбалер од Ла Лига, за тоа повеќе прочитајте ТУКА.

Неизвесно е до кога ќе трае епидемијата, така што фубдалот и останатите спортови би можеле на програмата да се вратат дури на лето, додека дел од лигите размислуваат да се прогласи крај на сезоната. Доколку тоа се случи со Ла Лига, управата на Барселона бара да се додели титулата на каталонскиот гигант, кој воедно е бранител на тронот.

Барса од повеќе причини смета дека треба да ја добие титулата. Прво се лидери на табелата со 58 бода по 27 натпревари, два повеќе од ривалот Реал Мадрид. Втората причина е што повеќе од 70 отсто од првенството веќе се одигра, а воедно и беа и зимски шампиони.

Оваа идеја дефинитивно ќе крене бунт, прво во таборот на Реал Мадрид, бидејќи Кралевите веруваат дека може да се изборат за титулата во преостанатите 11 кола.

- Оглас -

Најнови вести