Баксуз – Гарај пред еден месец ги скина лигаментите, а сега закачи коронавирус

Дефанзивецот на Валенсија, Езекиел Гарај, дефинитивно е најголем малер во последно време. Откако на почетокот на февруари ги скина лигаментите во коленото, и нема да може да игра половина година, сега објави дека се заразил со коронавирусот.

Аргентинецот објави дека се чувствува добро.

„Очигледно дека 2020 година не почна најдобро за мене. Позитивен сум на коронавирусо, се чувствувам добро, и сега е потребно да останам изолиран“ – порача Гарај кој е првиот играч од најсилното шпанско фудбалско првенство кој се зарази за време на пандемијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести