Уште петмина членови на Валенсија заразени со коронавирус

Валенсија потврди дека петмина членови се заразени со коронавирусот по неодамнешните тестирања. Гаја и Мангала се меѓу играчите кои се заразени, а има случаи и во стручниот штаб, додека веднаш по потврдата сите се ставени во изолација.

Дефанзивецот Езекиел Гарај утрово се потврди како прв случај во Ла Лига кој е позитивен на Ковид-19, но не е можно токму од него да се заразени останатите членови на Валенсија бидејќи не биле во контакт со него. Гарај е повреден и не учествуваше во наптреварите на клубот во изминатиов период.

Клубот воедно пред два дена потврди дека сите тренинзи се прекинати, а нивниот пример го следи и Атлетико Мадрид. Јорганџиите исто така нема да тренираат во следните 14 дена, додека Ла Лига е суспендирана до 4 април.

- Оглас -

Најнови вести