Руни збесна: Требаше ли Артета да заболе од Коронавирус за да се прекине првенството?

Смртоносниот Коронавирус го сопре речиси целиот спортски свет. Најголемиот дел од првенствата во Европа се прекинати, а се помалки се шансите дека ќе се играат Европското првенство Летните олимписки игри. Едно од оние првенства кои последни беа прекинати се натпреварите во Англија.

Алармот во Англија се вклучи кога се дозна дека од опасниот вирус е заразен тренерот на Арсенал, Микел Артета, а потоа и неколку фудбалери. Легендата Вејн Руни вели дека е многу лут затоа што челниците во фудбалот многу порано не реагирале и не го прекинале првенството.

„Оваа недела не беше нормална. Сѐ беше откажано, сите ги откажуваа лигите, само на нас во Англија ни беше речено дека ќе играме. Јасно е зошто тоа беше така. Сите играчи се прашуваа дали е тоа поради парите. Дали Микел Артета требаше да се разболе за да се вклучи алармот и да се донесе исправна одлука? Нѐ третираат како глувци за испитувања“, вели Руни, кој додава дека доколку тој се заразил од вирусот, а потоа го пренел на своите најблиски, никогаш немало да им прости на фудбалските власти и немало да продолжи да игра фудбал.

 

 

- Оглас -

Најнови вести