Ал-Наср го победи Ал-Етифак со 0-3 на гостински терен во дерби натпревар од првенството на Саудиска Арабија. Тренер на домаќините е англиската легенда Стивен Џерард. На овој натпревар, Стефано Пиоли дебитираше како тренер на Ал-Наср.
Кристијано Роналдо го отвори резултатот во 33-та минута со прецизно изведен пенал.
Во 56-та минута, Садио Мане асистираше до Салем Ал Најџи за 0-2, а во 71-та минута Андерсон Талиска го постави конечниот резултат 0-3, по нова асистенција од сенегалскиот фудбалер.