Луди се по најважната споредна работа – Во Аргентина сопре сè, освен фудбалот

Претседателот на Аргентина, Алберто Фернандес, само потврди колку се луди жителите на јужноамериканската земја по фудбалот со мерките кои ги објави во битката со Коронавирусот.

Затворени се сите граници на државата, суспендирани се сите летови од и до Аргентина, нема да работат училиштата, но фудбал ќе се игра.

„Ако се игра без публика, не гледам причина да има застој во фудбалскиот шампионат на Аргентина. Ќе се обидам да сторам сè за да се пренесуваат натпреварите на државната телевизија, која е достапна за сите без дополнителни трошоци“, објави првиот човек на Аргентина.

Веднаш реагираа од Аргентинскиот фудбалски сојуз со поддршка за одлуката на претседателот и најавија продолжување на првенствата, освен во младинските категории.

- Оглас -

Најнови вести