По вчерашната вест дека младиот 21-годишен тренер Франциско Гарсија е првата фудбалска жртва која настрада од опасниот Коронавирус, следува нова тажна реалност. Според „Техеран тајмс“, борбата со опасниот вирус ја загуби и фудбалскиот и футсал-тренер Ахмад Тахери од Иран.
Тахери беше искусен тренер кој бил на чело на многу клубови во оваа земја, а предводел и три футсал-екипи. Еден период тој беше и спортски директор на футсал-репрезентација на Иран.
Голем проблем за Ахмад во борбата со Коронавирусот му бил намалениот имунитет, затоа што само пред четири месеци тој има операција на тумор на мозокот, па неговиот организам едноставно не успеа да го издржи опасниот вирус кој дивее речиси низ целиот свет.
До денеска, во светски рамки има над 180.000 заразени од Коронавирусот, а Иран на третото место по бројот на инфицирани. Кина е лидер со над 81.000 заболени, потоа следува Италија со 28.000 заболени, а во Иран има над 15.000 инфицирани и 853 починати лица.
Luto no futsal. O coronavírus fez uma vítima fatal no futsal do Irã. Recuperando-se de um tumor cerebral retirado há quatro meses, o técnico iraniano Ahmad Taheri morreu nesta segunda-feira após contrair o COVID-19 #futsal pic.twitter.com/1BR25abHMo
— Flávio Dilascio (@flaviodilascio) March 16, 2020