Шок во Шпанија: Фудбалски тренер почина од Коронавирусот

Младиот тренер Франциско Гарсија, кој работеше во шпанскиот клуб Атлетико Портада од Малага, е една од најновите жртви на Коронавирусот во Шпанија. Од клубот соопштија дека Гарсија бил пациент на Онкологија, а опасниот вирус го закачил пред неколку дена.

„Нашиот Гарсија немаше претстава колку многу го има зафатено опасната болест. Дури во петокот било откриено дека има Коронавирус, откако се пожалил на отежнато дишење. Само пред еден час ни сопштија дека е во стабилна состојба, а сега добивме информација дека починал“, стои во соопштението на Атлетико Портада.

Гардија, кој имал само 21 година, е првиот познат смртен случај во светот на фудбалот, а воедно е и еден од најмладите починати воопшто.

Во Шпанија досега има 7.844 заболени и е на петтото место на листата со најголем број заразени од опасниот вирус.

- Оглас -

Најнови вести