Официјално: Тoм Брејди потпиша за клуб кој 13 години нема играно плејоф

Најавите се остварија, еден од најдобрите играчи во историјата на НФЛ-лигата, славниот квотербек Том Брејди, по 20 години си замина од Њу Ингланд патриотс и потпиша за Тампа Беј баканирс. Договорот е двегодишен и вреден 60 милиони долари.

Брејди со Патриотите освои шест титули, четири пати беше МВП на Супербоулот. Сега доаѓа во клуб кој 13 сезони не влегол во плејофот, а последната титула ја имаат освоено во 2003 година. Интересно е што Брејди беше дури 199-ти пик на драфтот во 2000 година и во првата сезона одигра само еден меч. Шанса да покаже што знае доби во 2001 година, кога се повреди стартниот квотербек. Останатото е историја. Дали ќе испише историја и со тимот од Флорида, ќе се види во следните две сезони.

 

- Оглас -

Најнови вести