Нема одмор за Кристијано: Ќе биде добро за Серија А да не продолжи (видео)

Кристијано Роналдо ги испочитува препораките да остане во самоизолација две недели по враќањето дома. Ѕвездата на Јувентус отпатува за Мадеира по мечот со Интер кон почетокот на март за да биде покрај својата мајка Долорес, која преживеа мозочен удар, а само ден подоцна Серија А се суспендира.

По 14 дена во домашен карантин, Роналдо повторно може да се дружи со пријателите и семејството. Иако натпреварите се одложени на неодредено, Португалецот не пропушта да влезе во салата за вежбање за да ја одржи врвната форма. Исцртаното тело на Роналдо се истакна на фотографијата која ја објави неговата сестра Катја Аверио, покажувајќи дека е подготвен да „бомбардира“ во Калчото во случај да се одреди датум за продолжување на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести