Во Наполи се вразумија: Елмас и соиграчите ќе останат дома

Во Наполи се премислија и го откажаа тренингот кој беше предвиден за утре. Елмас и соиграчите требаше да им се вратат на клупските обврски и покрај тоа што Коронавирусот сè уште прави хаос во Италија и цела земја е во карантин.

„Наполи ги откажа сите спортски активности на неодредено време. Датумот за враќање на клупските обврски ќе се одреди според напредокот на ситуацијата во врска со ширењето на вирусот Ковид-19“, стои во соопштиенитето на клубот, што значи дека Елмас и соиграчите ќе останат во  домашна изолација.

И Лацио имаше закажано тренинг кој требаше да се одржи вчера, но и тие се премислија. За преиспитување на одлуките сигурно влијаеше и критикувањето од страна на Дамијано Томаси, претседателот на Асоцијацијата на италијански фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести